Совети

СОЧУВАЈТЕ ЈА МОЌТА! – ЗГОЛЕМЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ! ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ И ОДРЖУВАЊЕ на системите за експлоатација на гориво

Време за читање: 6 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

Важноста на адитивите за гориво



Не секогаш горивото што го полните во вашиот автомобил е идеално чисто. Иако нафтените компании се грижат да достават до крајните потрошувачи идеално чисто гориво со највисок квалитет според класата на гориво, сепак можно е и несакано контаминирање на истото при транспорт, преточување и влијание на температурната промена. Горивото може да има разни нечистотии како што се прашина и најчесто киселата кондензирана вода. Заради овие нечистотии, дефинитивно се нарушува целосната ефикасност на горивото бидејќи имаме нецелосно согорување, што пак влијае на максималните перформанси на моторот.

Современите бензиски мотори се доста осетливи на квалитетот на горивата.

Ќе наведеме неколку проблеми при работа на моторот кои се јавуваат заради нечистото гориво:

  • Непотполно согорување, зголемена емисија на издувни гасови, недоволно забрзување, намалена снага на моторот:

- Ако лошото гориво влезе во комората за согорување, нечистотиите присутни во него ќе ги затнат инјекторите /бризгалките. Поради ова, коморите ќе добијат недоволна количина на гориво за согорување, што ќе резултира со губење на моќноста и забрзувањето.

  • Гареж на бризгалките / инјекторите, оштетен филтер за гориво

- Главната цел на филтерот за гориво е да ги одвои ситните нечистотии од горивото наполнето во резервоарот. Меѓутоа, ако нечистотиите се поголеми од очекуваното, внатрешните компоненти на филтерот за гориво ќе се оштетат, соодветно на оштетувањето нечистото гориво продолжува низ водовите понатаму до инјекторите и до неправилно вбризгување на горивото. Низ филтерот проаѓа и киселата кондензирана вода која дополнително ги нагризува бризгалките и доведува до нивна неправилна работа.

  • Варијации во брзината додека возите / “трокирање”, зголемена потрошувачка, наслаги во коморите за согорување, наслаги на вентилите,

-Поради нечистотии во горивото, ќе се наруши конзистентноста на количината на гориво што се внесува во комората за согорување. Оваа неправилност и ненадеен проток на гориво ќе доведат до варијации во забрзувањето на возилото додека возите. Истовремено, неправилното согорување доведува до брзо формирање на наслаги / гарежи на вентилите и нивна неправилна работа – губење на компресија.

сл. наслаги на всисни вентили

  • Проблеми при стартувањето на моторот

- При палење на моторот, ако горивото се измеша со загадувачи и вода, моторот воопшто нема да стартува или ќе се запали по повеќекратни обиди.

За сите вакви проблеми во секојдневната експлоатација на возилата WURTH нуди:

РЕШЕНИЈА со помош на течности за подобрување на перформансите – адитиви

Максимални перформанси во комбинација со максимална безбедност и ефикасност

Адитивите за бензин и дизел ги спречуваат и елиминираат наслагите во коморите за согорување, на вентили, млазници за вбризгување или на филтер за честички / саѓи на дизел мотор.


Темата за адитиви за гориво е честопати опкружена со недостаток на дефиниции помеѓу различните категории на адитиви за гориво и состојби за кои се дизајнирани за решавање.

Најголемата недоумица кај сопствениците на возила и прашања се:

Што се адитиви? Зошто течности за подобрување на перформансите - адитиви? Мојот механичар никако не препорачува користење на било какви адитиви. Производителот забранува користење на адитиви. Ако ставам адитив, каква штета може да направам? Итн...

Но исто така, многу професионални автомеханичари често ги класифицираат адитивите за гориво како „механичар во боца“ - решенија за различни помали проблеми, кои можат да спречат или отстранат многу проблеми кај системот за испорака на гориво.


Адитивите се супстанции кои се користат во мали количини во возилата за нивно превентивно одржување, решавање на помали проблеми во работата како и подобрување на перформансите на возилата.

Со употреба на адитивите се подобрува удобноста во возењето, сигурноста на возилото и може да се спречат скапи поправки или хаварии на моторот.

Со додавање на соодветен адитив за гориво или за дизел, не може да се направи никаква штета. Едноставно адитивите делуваат на системот за гориво како “витамини”.

Користењето е едноставно – само додадете во резервоарот за гориво пред или по полнење со гориво, а може и во било кое време, адитивот има одлична моќ на мешање со горивото. Дури и ако ставите во поголема концентрација од препорачаната, повторно, апсолутно нема да предизвикате никаква штета. Напротив, во некои случаи на големи нечистотии дури и е подобро – поефикасно.

Адитивите на WURTH за ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ кај бензинските мотори содржат детергенти, антикорозивни компоненти, зголемувачи на октанската вредност, заштита од оштетување – ерозија на доседот на вентилите, инхибитори за неповолните хемиски реакции и материи против пенливост.

https://www.youtube.com/watch?v=O2cqaxMsrqw

Соодветно на современиот возен парк во Македонија, WURTH има 2 адитиви за бензиски мотори:

ЧИСТАЧ НА СИСТЕМОТ ЗА ДИРЕКТНО ВБРИЗГУВАЊЕ КАЈ
БЕНЗИСКИТЕ МОТОРИ

Арт. бр. 5861111303– 300 ml

  • Ги отстранува смолестите и карбонските наслаги од вентилите и дизните за вбризгување и во микроподрачјата на системот за вбризгување со што се подобрува неговата функционалност
  • Антикорозивна заштита
  • Го врзува и неутрализира киселиот кондензат на водата
  • Количината од 300 ml е доволна за 50-60 lit гориво

сл. бризгалки, пред и по чистење

СРЕДСТВО ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА БЕНЗИНСКИТЕ МОТОРИ

Арт.бр. 5861101300 - 300 ml

Ги отстранува смолестите и карбонските наслаги во бензиската пумпа, вентилите и седиштата на вентилите.

Ги отстранува остатоците од оксидацискиот процес

Го продолжува животниот век на катализаторот

Примена:

При зголемена потрошувачка на гориво

При промена во работата на моторот

При појава на кондензат на вода во горивото

При употреба на гориво E10 со додаток на БИО гориво

Содржината од 300 ml - за 70-75 lit гориво

сл. Делување на адитивот - чистење на вентили без демонтажа

За разлика од бензиските мотори, кај дизел моторите проблемите кои се јавуваат заради нечисто дизел гориво се поизразени:

сл. Неисправност на системот за дизел гориво


  • Зголемена емисија на штетни гасови – повеќе чад и честички

- стандардите за емисии на гасови се контролираат и се бара нивна примена

  • Употребата на EURO дизел горива со намален процент на сулфур – намалено подмачкување на системот за гориво (дизел горивото дејствува како подмачкувач) и намалена е оксидациската стабилност – корозија.
  • Наслагите на дизните ги затвораат отворите и предизвикуваат нивна неправилна работа – зголемена потрошувачка
  • Се создаваат наслаги од парафин на вратот на вентилот и во контролните вентили во пумпата – неправилна работа, намалена снага на моторот.
  • Во зимски услови горивото има намалена филтрабилност и моќ на распрскување – отежната работа и зголемена потрошувачка на гориво


WURTH Течностите за подобрување на перформансите кај дизел моторите содржат:

Детергенти, компонетнти за подобрување на подмачкувањето, антиоксиданти, средства против бактерии и габички, компоненти за чистење на DPF филтер честичките, стабилизатори за Цетанскиот број, компоненти за заштита од корозија и инхибитори за неповолните хемиски реакции.

https://www.youtube.com/watch?v=uWa6FfHRjSM

Првиот адитив за дизел мотори е:

СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ДИЗЕЛ СИСТЕМОТ ЗА ВБРИЗГУВАЊЕ

Арт.бр. 5861011300 – 300 ml

Применлив за сите типови дизел мотори

Раствора и отстранува наслаги во пумпата и дизните

Ги неутрализира и отстранува киселите оксиди од согорувањето

Ја регулира емисијата на штетни гасови

Го штити системот за гориво од корозија, од резервоарот до комората за согорување

Го намалува “тропањето” на вентилите и дизните заради слабиот квалитет на горивото

Го подобрува подмачкувањето на елементите при употреба на “Euro” дизел со намален процент на сулфур

Содржината од 300 ml - за 30-50 lit гориво

Вториот адитив е:

СРЕДСТВО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ДИЗЕЛ СИСТЕМИ ЗА ВБРИЗГУВАЊЕ

Арт.бр. 5861001301 – 300 ml

За подмачкување на системот за вбризгување на дизел горивото кај патничките и комерцијалните возила кои користат Euro dizel гориво со намален процент на сулфур.

Спречува депозити во комората за согорување и системот за вбризгување

Овозможува точно вбризгување на дизел горивото

- Пониска потрошувачка на гориво

- Тивка работа на моторот

За сите дизел мотори со Common Rail или Pumpa Duse вбризгување.

Потребно е во резервоарот да има најмалку 10 lit дизел гориво. 300ml доволно е за 70lit дизел гориво,

Препорачуваме употреба на секои 2000 km како превентива


Да резимираме:

Зошто течности за подобрување на перформансите - адитиви?

  • ОВОЗМОЖУВААТ РЕШАВАЊЕ НА МАЛИ ПРОБЛЕМИ ВО РАБОТАТА НА ВОЗИЛОТО
  • ГИ ПОДОБРУВААТ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ И ОВОЗМОЖУВААТ МАКСИМАЛНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА СИСТЕМИТЕ
  • ОВОЗМОЖУВААТ ПРЕВЕНТИВНО ОДРЖУВАЊЕ
  • ДОЛГОРОЧНА И БЕЗГРИЖНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА


Сподели на: