WURTH ВО МАКЕДОНИЈА

Wurth во Македонија е основан во 1994 година, како дел ог Групацијата Wurth од Германија, глобален лидер во снабдување на професионалци во областа на монтажата.

ПРОДОЛЖЕТЕ

WURTH ВО МАКЕДОНИЈА
ДЕНЕС

Нашиот тим во Македонија се состои од 50 луѓе, од кои повеќе од половина се вработени во директна продажба. Ги посетуваме купувачите на нивните локации, работиме телефонска продажба. Соработуваме со повеќе од 10.000 деловни партнери. Вложуваме големи напори да останеме препознатливи по врвниот квалитет на производите и услугите, со истовремена грижа за заедницата во која работиме. Вработуваме квалитетни луѓе кои ќе ги поддржат нашите стратешки определби.

ПОГЛЕДНИ КАРИЕРА

ПОЧЕТОЦИТЕ И ИНОВАТИВНИ
ПРОИЗВОДИ

Тим од млади професионалци во 1994 година во Македонија, го донесе концептот на директна продажба на Wurth на полето на технички производи. Веќе подолго од 20 години на нашиот пазар ги промовираме принципите на претприемништво и пазарна економија и редовно воведуваме технички иновации и квалитетни решенија во областа на професионален рачен, електричен и пневматски алат, производи за обработка на материјали, заварување, техничка хемија, опрема за лична заштита, како и широк асортиман на завртки и други артикли во согласност со DIN стандардот.

ПОГЛЕДНИ ПРОИЗВОДИ

WURTH ВО МАКЕДОНИЈА
НИЗ ВРЕМЕТО

1995. / 7 ВРАБОТЕНИ
ПРОМЕТ: 75 000 €

Wurth Македонија e отворена на крајот на 1994 година со 100% капитал на централата Wurth Германија. Работењето го започнува на 25 Април 1995 година со седум вработени, во простории од 150 м2 (продавница и магацински дел).

2000. / 11 ВРАБОТЕНИ
ПРОМЕТ: 689 000 €

Во 2000 година го одбележува своето пет годишно успешно работење. За првпат надминува годишен промет од тогашни 1.000.000 DM (500 000 €).

2004. / 32 ВРАБОТЕНИ
ПРОМЕТ: 1 136 000 €

Во 2004 Вурт Македонија е организирана во три продажни дивизии АВТО, МЕТАЛ и ДРВО/ГРАДЕЖНИШТВО. По деведгодишно работење го преминува прагот од 1.000.000 € продажба. Зема учество на саемот за градежништво во Скопје.

2007. / 40 ВРАБОТЕНИ
ПРОМЕТ: 1 589 000 €

Го префрла своето работење во нови модерни простории со магациски и административен дел од 1500 m2.

2010. / 46 ВРАБОТЕНИ
ПРОМЕТ: 2 359 000 €

Одбележување 15 години постоење на Вурт во Македонија со прослава на која присуствуваше г-ѓа Betina Wurth.

2014. / 34 вработени
промет: 2 783 000 €

Wurth Македонија го подржува спортот во Р. Македонија. Активно учествува нa манефестации за развој на свеста на граѓаните за активно користење на велосипед како транспортно средство, како и промоција на бенифитите по здравјето на луѓето.

2016. / 39 ВРАБОТЕНИ
ПРОМЕТ: 3 140 000 €

Воведен е Sales Leader – иновативно софтверско решение за теренска продажба кое во себе содржи десктоп и мобилна апликација.

2018. / 48 ВРАБОТЕНИ
ПРОМЕТ: 4 300 000 €

Вурт Македонија работи во простории со модерен магацински простор од 2500 м2 како и додатни 500 м2 административен дел, во чиј состав има Show Room, конференциска сала, тренинг центар, Master сервис. Организирана во четири дивизии, како дел од WURTH семејството е лидер на Македонскиот пазар во својата бранша.

ПОМОШ НА ПОЕДИНЦИ
И ГРИЖА
ЗА ОПКРУЖУВАЊЕТО

Помошта на загрозените лица и грижата за опкружувањето се длабоко всадени во деловната култура на Wurth. Во соработка со вработените, Wurth, помеѓу другото, поддржува лечење на болни деца, помага на деца со посебни потреби, поддржува семејства со тешка материјална состојба...

ОПШТЕСТВЕНО-
ОДГОВОРНО
РАБОТЕЊЕ

Покрај поединечните Wurth компании, Групацијата Wurth е исклучително активна на хуманитарно поле. За да се обединат ангажманите и да се осигура континуитет на започнатите иницијативи, Реинхолд и Кармен Вурт во 1987 година ја основаа Фондацијата Wurth која во моментот располага со капитал од 6,5 милиони евра.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Модерно опремената централа на компанијата, современиот логистички центар гарантираат одлична услуга и најдобри услови за работа.

Погледнете каде можете да го најдете Wurth во Македонија.

ПОГЛЕДНИ МАПА