Производи

ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ ORSY MOBIL

Време за читање: 2 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

ОПТИМАЛЕН КВАЛИТЕТ СЀ ДО НАЈМАЛИОТ ДЕТАЛ – ТОА Е ORSY MOBIL

ORSYmobil е развиен од нас и произведен од Вурт – групата во Германија. ORSYmobil ќе го претвори Вашето службено возило во совршена подвижна работилница. При опремување на возилото со специфични елементи отворени сме за сите Ваши предлози. Во повеќето случаи нашите купувачи бараат практични решенија за сите секојдневни потреби. Во зависност од дејноста ORSYmobil можеме да го прилагодиме на различни варијанти. WURTH поседува долгогодишно искуство и ги разбира потребите на купувачите на терен. Се грижиме скоро за три милиони купувачи ширум светот. WURTH ORSYmobil е пионер во полето на опремување на возилата со опрема. Решенијата на ORSYmobil се докажани во многу ситуации и поставија стандард за останатите компании.


За секоја функција, алат или материјал предвиден е одговарачки елемент. Посебно адаптирани верзии во комбинација со советите од ORSYmobil експертите даваат совршено решение. Потребен е само еден ден за да го опремиме возилото на нашиот купувач. Секако, монтажата може да ја изврши самиот купувач, но ние препорачуваме монтажа од нашите стручни лица. ORSYmobil им нуди на купувачите многу повеќе од опрема за возила. WURTH –овите претставници за продажба Ви нудат широк дијапазон на услуги. Се грижат во возилото секогаш да има доволно артикли во оптимални количини.


Купувачите во посета на нашиот клиент го сметаат неговото возило за подвижна работилница, па возилото има и функција на изложбен простор. Организацијата во возилото остава впечаток на професионалност и компетенција. Со други зборови , WURTH е синоним за врвен квалитет. Тоа допринесува на вкупниот впечаток кој нашиот клиент го остава на своите купувачи.

Возилото опремено со ORSYmobil елементи е работно место на кое ќе се чувствувате како да сте дома.

... И безбедно... Напредните краш- тестови покажуваат дека елементите во возилото остануваат на позициите и артиклите и алатите не стануваат смртоносни проектили што често се случува кога возилото не е професионално опремено. (DIN 75410 ; FMVSS 208)

Со ORSYmobil сте безбедни, поефикасни и ќе заштедите време кое може да го употребите за други активности.


Компетенција која ќе ви излезе во пресрет на сите Ваши потреби и сервис

Од простор за складирање до мобилен корисен простор: рационално работење и поголема економија за Вашата компанија.

Секогаш го гледаме Вашето возило во релација со Вашите работни процеси.

Варијабилна опрема за возила направена од интелигентен микс на челик, алуминиум и ПВЦ, редуцирајќи ја тежината за 30% и воедно обезбедувајќи стабилност и сигурност.

Заштедете гориво и направете оптимална искористеност на лимитираниот простор.

Најдобрата референца е задоволството на купувачот


Благодарејќи на партнерски ориентирана долгогодишна соработка, ние сме спремни и способни постојано да ги прилагодуваме нашите производи и услуги за да ги задоволиме сите Ваши потреби. Компаниите од сите бранши веруваат во квалитетот на нашата опрема за возила и нашите специфични знаења од индустријата. Затоа секоја година, опремуваме преку 10.000 возила и ги предаваме на задоволните купувачи.

Повеќе информации на www.orsymobil.com

Сподели на: