Производи

MS ХИБРИДЕН ПОЛИМЕР Треба да решите некој проблем со дихтување или лепење?

Време за читање: 1 min.
ПРОДОЛЖЕТЕ

Што е MS хибриден полимер?

Полимер од новата генерација кој ги комбинира предностите на екстремно еластична маса и материјал компатибилен со лакови и бои, полимер кој е развиен во Јапонија во 1979. Хемиската основа е силан-модифициран полиестер на која се додадени полнила, пластификатори и различни помошни продукти.


Лепило и дихт маса, стакло проѕирна, Арт. бр.08932250, Главни предности:

  • Еколошки компатибилен бидејќи не содржи разредувачи, изоцијанати и халогени (нема предупредувачки знаци за штетни материи)
  • Неутрален систем, без мирис
  • Без изоцијанати, разредувачи, силикони и не е корозивен
  • Едноставен за употреба, добра истисливост дури и при ниски температури до 5оС
  • Многу добро придржување на повеќе површини без прајмер
  • Може да се пребои влажно-на-влажно со повеќе системи на лак
  • Компатибилен и со бои, може да се пребои
  • Може краткотрајно да се изложи на температури и до 200оС за боење со прав
  • Добри механички особини
  • Залепените метални плочи може точкесто да се заварат
  • Висока UV- стабилност
  • Отпорен на стареење
  • Отпорен на вода, разблажени неоргански киселини и бази, средства за чистење
  • Температурна отпорност од -40 оС до 90 оС
  • Долготрајна еластичност дури и при ниски температури, без скрутување
  • Време на складирање / Рок на траење – најмалку 12 месеци
  • Издолжување пред кинење повеќе од 300%


Карактеристични места на примена

Градежни работи

Одличната отпорност на временските влијанија и УВ зрачењето, како и големата отпорност на кинење овозможува примена на градежни споеви од материјали со различен степен на дилатација, на пр. монтажни фасади и дихтување на полиуретански облоги, како и при вградување на прозорски штокови, дихтување на прозори.

Дихтувањето на дилатациони споеви на градежни елементи со употреба на PE исполна, овозможува долготрајна задихтуваност од продувување и продор на вода во внатрешноста на градежните објекти. Дополнително, лесното истиснување на ниски температури (до 5 оС ) го чини погоден за работа во текот на целата година.

Со употреба на несоодветни дихтувачки маси, (на пр. Силикон ацетат или полиуретан на места изложени на сонце) ризикуваме од појава на штета од протекување и дополнителни работи за поправка.

Кровопокривачки и лимарски работи

Одлична еластичност на остварените споеви на ниски температури без дополнително скрутување на масата, добра компатибилност со различни материјали и УВ отпорноста го прави МЅ полимерот извонреден за дихтување и лепење кај лимарските и кровопокривачките работи, на пр. прекривање на покривите со лим, вентилациските отвори и изработка на олуци.

Металоградба, реклами и системи за вентилација

Одличните механички особини на споевите и доброто прилегнување на различни материјали го прават погоден за употреба во металоградбата, пр. конструкции од инокс, изработка на градинарски стакленици, поштенски сандачиња , изработка на реклами, рекламни паноа, дисплеи и знаци. Погоден е и за употреба кај вентилациските системи (ILH Berlin:BM07/06-5)

Столарски работи

Добрите својства на прилегнување на различните видови на дрво и можноста за пребојување го чинат МЅ Полимерот погоден за лепење и дихтување на делови од дрво во внатрешниот и надворешниот простор.

Употреба во близина на прехранбени производи

Погоден за употреба во близина на прехранбени производи, (ISEGA 26123 U 08). Може да се користи и на влажни подлоги. Изработка на изложбени витрини, разладни комори исл.

Работи во ентериерот

Покрај горенаведените особини и затоа што е без мирис и без штетно влијание за околината, погоден е за употреба во внатрешни простори за лепење и дихтување. Пр, стаклени прегради, одбојници на стаклени врати, конзоли за стаклени полици, маси од стакло / метал, дихтување на прозорци, изработка на огради од стакла кај скалила и сл.

https://www.youtube.com/watch?v=VENdxPnYENw


Автолимарски работи и изработка на надградби на возила

Дихтување на споеви на каросерија кои можат и точкесто да се заварат и дополнително да се пребојадисаат. Задихтуваните споеви во комората за сушење на боја можат краткотрајно да се изложат на температура и до 200 оС. За лепење и дихтување на делови за надградба на возила, монтажа на пластични панели, преградни ѕидови, вентилациски системи. Може да се користи преку повеќето основни премази без ограничување. Можно е пребојадисување “влажно на влажно”.

Благодарејќи на особините и предностите на производот, места на примена се наоѓаат буквално “секаде”, го прават применлив во градежништвото и во секторот на одржување.


Треба да решите некој проблем со дихтување или лепење?

Помислете на MS Polymer – дихтувачка маса и лепило, производ од новата генерација кој има широка примена во градежништвото, металоградбата, ентериери, репарација на каросерија на возилата и техниката воопшто.

Сподели на: