Совети

ПОКРИВ И УЛОГА НА КРОВОПОКРИВАЧКИ ФОЛИИ ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ПРАВИЛНО ДА СЕ ПОСТАВАТ ФОЛИИТЕ

Време за читање: 5 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

рожници

Покривот како дел од објектот е најизложен на надворешни влијанија (дожд, снег, ветер, сончево зрачење). Како таков има улога да ги прими надворешните влијанија,да го заштити објектот и да ја продолжи неговата трајност. Некогаш покривите се правеле само од материјали кои можеле да се најдат во природата и без многу обработка да се вградат како такви (дрво, трска, камен, глина, бакарен лим). Денес се користат и тие материјали, но и цела низа нови материјали – битуменска шиндра, челични поцинкувани и пластифицирани лимови, алуминиум, нови видови керамиди.

модерен покрив

модерен покрив

Во настојување да се добие што повеќе станбен простор, од покривите (поткровјата) се очекува да го исполнат и тоа барање. Денес, се повеќе поткровја претставуваат домови.

Предности се: релативно мали вложувања, одлично искористување на веќе постоечкиот простор, убав поглед и сл.

Недостатоци се: кондензација и влага, лоша топлотна изолација, штетници и птици во самата покривна конструкција.

влага

ОД КАДЕ ДОАЃА ВЛАГАТА?

Во секој простор за живеење самите станари произведуваат влага и тоа го прават со секојдневните активности: готвење, туширање, перење ...

Приближна количина на влага која ја произведува едно лице на ден или процес во домаќинството:

Туширање

cca 2600

g/h

Напорна работа

120 - 200

g/h

бања

700

g/h

Готвење

600 - 1500

g/h

Сушење алишта

100 - 500

g/h

Цвеќе

5 - 10

g/h


Изолацијата на објектот и покривот игра најважна улога за функционалноста и удобноста на живеењето. Таа треба даја врши својата улога долги години. Но, што може да и наштети на изолацијата?

Најголемиот непријател на изолацијата е влагата. Присуството на влага во изолацијата значително ги намалува нејзините карактеристики.

Доколку во изолацијата имаме:

  • 1% влага, изолацијата губи 35% од своите карактеристики
  • 2,5% влага, изолацијата губи 55% од своите карактеристики
  • 5% влага, изолацијата губи 100% од своите карактеристики


Заради ова, за правилна функција на термо изолацискиот слој, најважно е тој да се заштити од влага.

Таа функција најдобро ја извршуваат кровопокривачките фолии. Нивната задача е:

  • покривната (водонепропусна – паропропусна) фолија е да обезбеди дополнителна заштита од продор на вода (дожд, снег) од надвор,
  • а задачата на парната брана е да спречи навлегување на влага од внатрешниот простор во термо изолацијата.

Ако не се постават овие заштитни фолии, тогаш залудно сме инвестирале во изолација.

Кондензацијата и влагата настануваат од два фактори: влага и температура. Топлиот воздух може да прими повеќе пареа од ладниот воздух. Пресудна е разликата во температурата и влажноста помеѓу внатрешната просторија и надворешноста. Со редовно проветрување се смалува присуството на влага во просториите.

скапани даски 1 скапани даски 2

Покривна конструкција уништена од дејство на влага

ВИДОВИ ПОКРИВИ


Според тоа дали се проветруваат или не:

Ладен покрив е конструкција која се проветрува под покривот. Таа може да се проветрува на повеќе нивоа (на пример кај уредено поткровје во подрачјето на надолжно поставените летви или евентуално под оплатата од даски), или се проветрува целиот таван (неуредено поткровје)

Топол покрив е конструкција која не се проветрува и воглавно се применува кај рамни покриви кај изградба на индустриски хали.

Од вака дефинирани видови на покриви зависи изборот на кровопокривачка фолија.


ВЕНТИЛАЦИЈА НА ПОКРИВОТ

вентилација на покрив

ДЕЛОВИ ОД ПОКРИВОТ

делови од покрив

Слеме – врв на покривот

Вентилација – место на излез на топлиот воздух под покривот

Надолжна летва – летва која мора да биде со мин. дебелина од 5cm, се поставува паралелно со гредите (врз гредите)

Водонепропусна, паропропусна фолија – фолија која од едната страна ја пропушта пареата а од другата е непропусна за влијанијата од надворешната средина ( се поставува од горната страна на изолацијата, директно или преку даските)

Парна брана (парна кочница) – се поставува до изолацијата од внатрешната страна


ВОДОНЕПРОПУСНИ, ПАРОПРОПУСНИ ФОЛИИ

куќа фолии

Wurth Top 92

топ 92

Арт. бр. 1681 001 092

  • за директно поставување на термоизолација
  • исклучиво кај покривни конструкции без дрвена оплата

топ 92 2 слоја

  • првиот е паропропусен слој
  • вториот слој со дифузни отвори


Дифузните отвори го задржуваат дождот, прашината, снегот а ја пропуштаат водената пареа од внатрешноста на просторијата и дифундираат без проблем.

Wurth 130

Вурт 130

Арт.бр. 1681010130

- за директно поставување на дрвена оплата (даска)

- кај проветрени и непроветрени покриви

- РР слојот спречува лизгање

вурт 130 3 слоја

ФОЛИЈА ЗА ЛАДНИ ПОКРИВИ


Wurth Top Cool

култоп кул 3 слоја

Арт. бр. 1681 002 130

- особено погодна за ладни покриви

- се поставува на даски или OSB пред лепење на шиндра

- OSB („Oriented Strand Boards“) се плочи произведени од тенко и широко иверје со метода на лепење и пресување

ОСБ табли












ПОКРИВНИ ФОЛИИ / ВОДОНЕПРОПУСНИ – ПАРОПРОПУСНИ ФОЛИИ


Паропропусната фолија мора да биде поставена почнувајќи од дното, паралелно со надстрешницата, лесно затегната. При поставување мора да се води сметка за минимално преклопување од 10 – 15 см (до обележените линии). Ако вообичаениот пад на покривот е со помал нагиб (максимално 6°), деловите мора да се преклопат најмалку 20 см и да бидат залепени едни под други со соодветна леплива лента.


МОНТАЖА НА ПАРОПРОПУСНИТЕ ФОЛИИ

Преклопите во вертикален правец секогаш мора да лежат на греда и мора да бидат залепени со одговарачка леплива лента. Оштетените површини од фолијата мора да бидат поправени со скроено парче од оригиналната фолија и залепени со лента, додека малите оштетувања може да се поправат само со леплива лента. Покривањето на покривот мора да биде завршено најдолго 8 недели по поставувањето на паропропусната фолија за да се спречи оштетување од UV зраци.

куќи примери

ВНАТРЕШНИ ФОЛИИ – ПАРНИ БРАНИ

Парната брана има функција да спречи проаѓање на пареа од внатрешниот простор кон надворешниот. Со самото тоа се спречуваат воздушните струења и губење на топлината.

Затоа е особено важно парната брана да биде апсолутно компактна, без дупчиња и лоши споеви, залепена меѓусебно на споевите, но и со градежната подлога.

термоизолација

термоизолација и парна брана

WURTH DB 90

парна брана

Арт. бр. 1681 000 090

- Еластична и отпорна на кинење благодарение на вградената мрежеста ткаенина

- Спречува губење на топлина настаната како последица на непотребни воздушни струења

- Спречува заситеност на термо изолацијата од влага на страната свртена према внатрешноста на просторот и редукција на изолацискиот ефект настанат како последица на тоа.

парна слоеви










ПАРНИ БРАНИ – МОНТАЖА


Се фиксира парната брана на “топлата” страна со помош на рачна хефталка.

Секогаш рапавата страна се поставува спрема термо изолацијата. Парната брана може да биде поставена и попречно и паралелно во однос на гредите, при што се постигнува најдобро спречување на течење кога лентите фолија се поставени паралелно и се преклопуваат на гредите.

При поставувањето мора да се обезбеди доволно преклопување на лентите. Преклопување по висина: 15 см (идентификациска линија); Странично преклопување, најмалку 20 см; Добро да се залепат преклопите и рабовите со одговарачка леплива лента.

heft 1heft 2

Рачни хефталки, арт.бр. 0714834


Повеќе инфо за целокупната понуда на кровопокривачки фолии може да најдете наhttps://eshop.wurth.com.mk/krovni-folii


Сподели на: