Совети

КОРОЗИЈА СОВЕТИ ЗА ЕДНОСТАВНА ПРИВРЕМЕНА ЗАШТИТА

Време за читање: 4 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

Корозијата е хемиско-физички процес чиј резултат е промена и слабеење на својствата на металот, заради дејство на надворешната средина во која се наоѓа металот.

Кажано со други зборови, корозијата е електро-хемиска оксидација на металот во реакција со оксиданти, најчесто кислород. Најчеста и најпозната е корозија на железо и челик, која произведува рѓа, оксид на железо со карактеристична црвенкаста боја. Кај поединечни метали како што се Al, Cu и прохром доаѓа до создавање на слој оксид - патина.

Корозијата ги напаѓа и другите мтеријали, не само металите. Така постои корозија на керамички материјали, полимери, бетон, пластика и стакло.

Многу легури на металот кородираат само кога се изложени на влагата од воздухот, но тој процес може да биде и значително забрзан ако се присутни одредени хемиски материи, на пример киселини. Корозивните оштетувања на конструкцијата можат да бидат од локален карактер, во кој случај се создаваат локални пукнатини и деградирани места на конструкцијата, или можат да бидат зафатени цели изложени површини на конструкцијата.

Што предизвикува корозија?

Корозијата е процес кој се одвива природно. Факторите кои можат да го забрзаат процесот на корозија се:

Изложеност на влага во воздухот - висока влажност

Екстремни температури

Присуство на соли – кисела водена средина

Површинска влага

Изложеност на електрични струи

Изложеност на нечистотија или бактерии

Присуство на течност во мали празнини - предизвикува корозија на пукнатините

Континуирана или променлива напнатост во корозивна средина - предизвикува корозија на стрес.

За побезбедна, подолготрајна и исплатлива употреба на металните делови многу е важно правилно да се третираат и да се заштитат од корозија која е еден од главните причинители на оштетувања на постројките, конструкциите и останатите елементи од метал затоа што во спротивно може да дојде до несогледиви последици.


Постојат повеќе начини и подготовки за заштита од корозија, но овде ќе се посветиме на едноставна заштита од корозија на метални делови, на пример алати или мотори.

Првиот наш предлог е заштита со мултифункционален спреј за голем број апликации:

МАСЛО ЗА ОДРЖУВАЊЕ MULTI, арт.бр. 089305540

Покрај одличните карактеристики за подмачкување и чистење, преовладува и особината за oтстранување на 'рѓа и заштита од корозија.

Ги олабавува 'рѓосаните завртки, фитинзи за цевки, завртки, навртки, спојници, кабли, шахти, брави итн.

Инфилтрира и ја исфрла влагата околу електрониката и електронските компоненти.

Спречува корозија на метали и електрични компоненти, приклучоци на кабли, релеи, приклучоци, спојки итн.

Спречува замрзнување на цилиндрите и затворачите на бравата.

Како се ракува со него? Примената е едноставна, протресете ја боцата пред употреба, испрскајте ги деловите и оставете да делува накратко. Секако претходно деловите исчистете ги од грубата нечистотија.

Вака третираните метални делови заштитени се од влага во следните неколку месеци.

Најчесто се користи за заштита на рачен алат, алати кои не се употребуваат секојдневно, потоа резервни делови како што се запченици, лагери, ланци, осовини, вратила...


Ова средство е компатибилно со повеќето материјали како што се:

Челик, обоени метали, нерѓосувачки челик, епоксидно стакло, ткаенина, EPDM, FKM, PE, PP, Винил, тефлон, PL, PA, NBR.

Воопшто не прави негативна реакција и не содржи силикон, киселина, смола и AOX.


Погледнете го краткото видео за местата на употреба на MULTI:

https://www.youtube.com/watch?v=O1UVHedRpEE


Уште едно средство со одлични перформанси за заштита од корозија е

Арт.бр. 089315 СПРЕЈ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА

За зачувување на алати или приклучоци за машини и возила, на пр. синџири за снег или багажници на покривот. Може да се користи на тешко достапни места во моторниот простор и на рабовите на каросеријата и кај тркалата.

Специјалното масло има низок вискозитет и има капацитет на ползење, и ги заштитува и тешко достапните места. Ја спречува корозијата да напредува.

Има многу добра материјална компатибилност на различни површини, на пр. обоени површини, метали и пластика.

Оптимална заштита за мотоцикли и велосипеди, особено кога се ставаат во мирување преку зима. Идеално погоден за сите површини на делови и фитинзи изложени на високи нивоа на соленост, на пр. во близина на брегот или на море. Моторите и додатоците на чамците се оптимално зачувани.

Транспарентен е и не се познава на површината.

Како се употребува? Исчистете ги и исушете ги површините што треба да се третираат.Потоа нанесете тенок слој со спреј за заштита од корозија.За оптимална заштита, повторете ја апликацијата на секои 6 месеци.

Кога ќе се напрска, создава самозатворачка заштитна фолија која не се суши на допир.

Гребнатини, евентуални удари од камчиња итн. автоматски се запечатуваат повторно.

Заштедете време и пари, зголемете го животниот век на вашите алати, мотори, косилки, пумпи ....

Сподели на: