Производи

АНАЕРОБНИ ЛЕПИЛА Würth DOS-System

Време за читање: 1 min.
ПРОДОЛЖЕТЕ

ТИПИЧНИ АПЛИКАЦИИ ЗА АНАЕРОБНИ ЛЕПИЛА

Дали станува збор за осигурување на завртки, дихтување на површини, дихтување на цевни навои – со анаеробните лепила Вие реално заглавувате или дихтувате метални делови.

Анаеробните лепила и заптивки (дихт маси) може да се користат на многу различни начини и денес се користат во скоро сите производствени области, на пример во конструкцијата на леталата, автомобилската индустрија, во металната индустрија, конструкција на алати или во одржување.Анаеробните лепила се издржливи, дури и при динамички континуирани оптоварувања (притисок, вибрации) и затоа се идеални за процесирање во области од хидрауликата, пневматиката и прецизното инженерство.

Анаеробните лепила и дихт маси за осигурување завртки одамна се познати и докажани.Тие исто така се погодни за лепење на цилиндрични споеви или спојување на врски пиксна-болцна (чаура-ракавец) како и за дихтување на површини и цевкини навои.Тие гарантираат стабилна механичка конекција на металните делови со симултана заштита против корозија заради дихтување на спојот.Анаеробните лепила типично се користат за следниве апликации:

Осигурување на навојни врски

Анаеробните лепила се користат за осигурување на завртки и превенција од несакано олабавување или олабавување заради надворешни влијанија и загуба на затезна сила како главен принцип кај навојните врски. Во зависност од тоа каква улога има навојната врска и кога е потребно пак да се раздели, се користат различни лепила со средна или висока цврстина. Големината на навојот, температурите и хемиските влијанија исто така играат важна улога овде. Овде е наведен рангот на производи за оваа намена:

0893243025

Лепак за осиг. завртки, средна цврстина, 25 gr.

https://www.youtube.com/watch?v=kgqBH6fVaqk

0893270025

Средство за осиг. завртки, висока цврстина, 25 gr.

Употребата на анаеробни лепила за осигурување завртки исто така заштедува материјал и трошоци.Кога правилно се користи, лепилото креира врска во материјалот, така што зазорот во навојот е задихтуван и спојот е заштитен од корозија.Ова значи дека може да се користат стандардни завртки наместо специјални завртки за осигурување.Наместо слепи отвори, во ред се поевтини проаѓачки отвори благодарение на ефектот на дихтување.

Површински дихт маси

Анаеробните дихт маси за површининудат алтернатива за конвенционалните тврди дихтунзи.Тие стануваат значајно популарни бидејќи не треба да се исечат или повторно да се затегнат. Површинските дихт маси се нанесуваат во течна форма и перманентно ја пополнуваат површинската рапавост и толерантните отстапувања на површините на металните фланши или куќишта.Тие се приспособуваат перфектно на обликот на површината.

Благодарение на комплетната врска во материјалот, може сигурно да се дихтуваат машински делови, фланши или цевни врски и превенција од протекување на течности или гасови. Откако потполно ќе се стврднат, се создава дихтунг кој е отпорен на стареење и абење и не се собира. На овој начин, ги поднесува промените многу подобро отколку конвенционалните тврди дихтунзи. Површинските дихт маси реално штитат од корозија и постигнуваат моментален дихтувачки ефект против ниски притисоци веднаш по инсталацијата.

Дихт за цевни навои

Слично како површинските дихт маси опишани погоре, анаеробните лепила исто така ги заштитуваат цевните врски од протекување на течности и гасови.Се постигнува моментален ефект на дихтување против ниски притисоци со пополнување на зазорите во навојот.Потполно стврднати, тие ги дихтуваат споевите до притисок на распркување.Ова реално спречува протекувања кои може да се појават заради вибрации, оштетени навои или температурни промени.

0893577050

Заптив. маса за цевки, Rohrdicht, ср.цврст., 50gr.

0893511050

Средство за запт. цевки со PTFE, Rohrdicht, 50 gr.

Перманентно спојување на метали

Анаеробните лепила спојуваат коаксијални делови како што се чаури (хилзни), лагери, запченици или прифат / чаура(болцна/пиксна) – споеви, сигурно и безбедно.Тие се отпорни на абење и издржуваат високи оптоварувања или температури.Го оптимизираат преносот на моќта, штитат од корозија и овозможуваат еднаква распределба на напоните.Заради способноста на лепилото да пополнува зазори, компонентите може да имаат поголеми толеранции и затоа може да заштедат средства и да го продолжат работниот век на куќиштата.Лепилото се нанесува во течна состојба и креира потполн контакт помеѓу две метални површини.Не е потребно многу време за нанесување, механичко процесирање, без механички спојувања, без скапи резервни делови.

https://www.youtube.com/watch?v=D1F1nPWU0yk

0893603025

Средство за осиг. лагери, висока цврстина, 25 gr.

0893620050

Средство за осиг.лежишта, висока темпер., 50 gr.


Предности од користењето на анаеробни лепила:

  • Стабилност и конзистентност на перформансите за да се задоволат потребите на скоро сите дихтунзи, осигурување и дихтување на навои, дихтување на цевки и осигурување од протекувања.
  • Карактеристична хемија која не бара нанесување на прајмер на неактивни метали.
  • Подобрена сигурност на производот
  • Супериорен исход при производство / монтажа, склопови со полесна тежина
  • Подобрен квалитет на готовиот производ
  • Побрзо време на сушење, зависи од активни или неактивни површини
  • Лесно се применува
  • Заштитува од корозија
  • Обезбедува олабавување од вибрации
  • Го намалува заморот на споевите
  • Елиминира други механички уреди за осигурување
  • Овозможува толеранција во обработката
  • Ги намалува трошоците


И сето ова во Würth DOS-System пакување:

https://www.youtube.com/watch?v=RuHJTqHkHdA

Сподели на: