Совети

Енергетска ефикасност правилна монтажа и вградување на прозори

Време за читање: 1 min.
ПРОДОЛЖЕТЕ

При купувањето на прозорците треба да се посвети поголемо внимание на начинот на вградување. Влијаето на заптивните елементи во цената на монтажата е големо, но истото се исплаќа за само една грејна сезона.

рал

Енергетската ефикасност е еден од сегментите во градежништвото на кој се полага сѐ поголемо внимание. Токму во оваа област европските стандарди се значително захтевни, со што се истакнува нејзината важност, пред сѐ во услови на соочување со ригорозно штедење на енергенсите. Оттука, во целосна согласност со препораките за заштеда на енергија од европските професионални стандардни, прописите за топлинска заштита од 1995, ENEV 2002, RAL, DIN 4108, како и германските Технички насоки на Сојузот на стаклари, столари и металоградба, Вурт има развиено и имплементирано голем дел од таканарачените RAL производи за монтажа на прозори.


Што опфаќаат RAL насоките? Истите во најголем дел даваат насоки за заштеда на енергија, преку правилна монтажа со цел да се спречат негативните појави на влага со сите последици.


Енергетските загуби се намалуваат во значителна мера со соодветен избор на профили и изработка на прозорци и врати од истите, како и со вградување на ISO- стакло. Но, и покрај полагањето на големо внимание токму на изборот на профилот, изработката на прозорот или вратата, како и соодветен избор на стакло, се појавуваат значителни проблеми поврзани со несоодветната изведба на врската помеѓу прозорот и зидот. Како резултат на несоодветната врска и различните изотермички карактеристиките на разнородните материјали, по монтажата на така наречените енергетски ефикасни прозори и врати, се јавува влажност која доведува до мувла и габи, пред сѐ поради нарушувањето на т.н. топлински мостови.


Од изотермите како линии кои поврзуваат точки со иста температура и ја покажуваат дистрибуцијата на температурата во внатрешноста на градежните елементи, најважна е онаа на температурата од 9,3° C, на која влагата од воздухот кондензира и создава роса, која во зависност од количината на влага создава вода.

Ова е само видливиот дел од термичката различност на користените материјали, додека невидливиот дел во значителна мера е сконцентриран во полиуретанот (“пур пената” која се користи при монтажата на прозорците). ”Пур пената”, како сите останати материјали има своја топлинска ефикасност, изразена преку факторот на загуба на топлинска енергирја (на пр. Вурт Pur Logic, има фактор на загуба на топлинска енергија од 0,0362 W / (мK) и е во целост со DIN 52612). Колку е помала вредноста на коефициентот на загуба на топлинска енергија, толку е поголема и подорба изолацијата, а токму на ова е посветено огромно внимание во Вуртовата гама на “Пур пени”.

Низок коефицинт на загуба на топлинска енергија може да се обезбеди само при наполно суви услови, односно со спречување на навлегување на воздух, кој природно циркулиура од потопло кон поладно, односно од собата преку споевите кон надрворешноста на градежните елементи. Само за илустрација, за 24 часа, преку отвор од само 1мм и должина од 1м, кај градежен елемент што не е паропропусно изолиран од врантрешната страна, на истиот елемент кондензира околу 360 гр вода. Сето ова доведува до појава на мувла, габички, трулење на елементите, па дури и протекување на вода, и тоа токму на ѕидовите каде се вградени енергетско ефикасни прозори.


Правилното вградување на прозори и врати подразбира монтажа на истите на надорешната линија на ѕидот, на линијата на топлинската изолација и соодветно поврзување, како и обработка на отворот на прозорецот со заптивна маса за израмнување, со што водонрепопустноста се проширува на поголема површина (се обезбедува водонепропусност, воздушна изолирање се до дограмата и под прагот). Особено важно е и прагот на прпозорецот да е поставен по завршниот слој на фасадата.

При купувањето на прозорците треба да се посвети поголемо внимание на начинот на вградување на истите, и вообичаено е дека во стандардната цена за монтажа на прозорците речиси и да не се вклучени барањата за непропустливост на вода и воздух, пред се поради високите цени на таквите заптивни ленти (неколку стотина евра по прозор). Но, колку и да влијае цената на овие заптивни елементи на одлуката, треба да се земе во предвид дека за само една грејна сезона оваа инвестиција се враќа и секогаш треба да се има на ум дека набавката на енергетски ефикасните прозори обезбедува само половина од енергетската ефикасност, додека останатиот дел се добива само со соодветна и стручна монтажа, со правилни заптивачки елементи.


Нестручно вградување на прозорец или врата само со пена, не обезбедува непропустливост на вода и воздух, така да практично има неконтролирана вентиланција, со што се зголемува повеќекратно потребната топлина за загревање на објектот, па заштедата со неправилна монтажа на скапи прозори често е многу скромна или никаква. Вградувањето на прозори на средината на “штокот”, се добиваат ѕидни површини кои не може да се изолирани во полн пресек. На пример, површина од околу 1m2 околу балконските врати има U = 3 W/m2K (бетон, со 1 см изолација), па така за балконска врата од 2m2 и U= 1,4 W/m2K, која е несоодветно вградена, се добива коефициент на пренесување на топлина за целиот отвор на фасадата, вратите и “шток”-овите од U = 2,1 W/m2K што е уште понеповолно од тоа штo го очекуваме со купувањето на балконските врати.


За да се спречат ваквите појави, Вурт има развиено и препорачува примена на различни паропропусни / водонепропусни траки и дихтувачки маси. Дополнително, може да се примени и технологијата со контрола со инфрацрвена термографија, која ги покажува местата со ниски температури односно разлики во температурата, како потенцијални точки подложни на појава на кондензација. На пример, ако овие точки се на подот, со поставувањето на подна подлога, (како на пример парктет), точките на кондензација се прикриваат, но по извесен период неизбежно е појавување на оштетување на паркетот и влага. Класичен пример за ваков проблем се новоизградените станови, каде најчесто ( уште пред вселувањето) првиот ред од паркетот до надворешните врати е најчесто оштетен или е прикриено оштетен.


Привремено решение на ваквите проблеми може да се бара во вградување на прозори и врати со разни пени и дихтување со силиконски и акрилни маси. Но, овде се соочуваме со различната структура на материјалите. На пример, дихтувачките маси поради нестручно вградување и топлинските напрегања имаат краток рок на траење, такашто веќе по првата година на користење на објектот, често се случува продор на водата во конструкцијата. Пената поради својата структура на материјал, не може да обезбеди непропустност на вода и воздух.


Резимирајки – правилната монтажа обезбедува долготраен бенифит за корисникот.

Сподели на: