Производи

СРЕДСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛАДИЛНИК СРЦЕТО НА ВОЗИЛОТО Е НЕГОВИОТ МОТОР

Време за читање: 4 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

Ладилникот на моторот е витална компонента која што со своето правилно функционирање директно влијае врз работните способности на моторот. Ако таа спрега биде нарушена од некоја причина, задолжителна е итна интервенција, па оттука превенцијата на моторот подразбира и редовна грижа за ладилникот.

За да се обнови кондицијата на ладилникот, WÜRTH препорачува течност за чистење на внатрешноста на ладилниците која е достапна во пакување од 250 мл и доволна е за мешање со 10 литри разладна течност.

Примената е едноставна - средството се додава во ладилникот кој што има редуцирани разладни перформанси, по што возилото треба да се остави 30 минути да работи со вклучено греење, исклучиво во мирување. Потоа следува комплетно плакнење со вода, без да се вади термостатот, со што се отстранува бигорот и другите талози, како и елиминација на корозијата. Дури и моторното масло навлезено во системот заради протекување на главата на цилиндерот може да биде отстрането. Доколку се забележани делови кои се оштетени, треба да се заменат пред повторното полнење. Чистачот за ладилник се користи и како превентивна мерка секогаш кога се менува разладната течност.

Разладната течност или антифризот е крвотокот на системот за одржување на температурата во моторот. Што е антифриз? – Хемиски адитив кој ја снижува температурата на мрзнење на водата како средство за ладење. Мешавината на антифриз се користи за да се постигне пониска температура на мрзнење во ладни услови / средини и исто така за да се постигне зголемување на точката на вриење (цца 130 оС) на течноста за ладење. Точката на мрзнење и точката на вриење зависат од концентрацијата на разредената течност.

Внимателниот избор на антифриз може да овозможи широк температурен опсег во којмешавината останува во течна состојба, што е критично за трансферот на топлина и правилно функционирање на разменувачот на топлина / ладилникот.

WÜRTH има две солуции, G11 и G12 , за мотори на патнички и товарни возила како и алуминиумски мотори, кои ги почитуваат барањата за стабилна работна температура, го штитат системот за ладење од замрзнување и корозија и вршат подмачкување на водената пумпа, гумените и пластичните делови на инсталацијата. Претставуваат мешавина на 75 % етилен гликол и 25% инхибитори на боја и корозија.

Обете се концентрирани а при мешање со вода во сооднос 1:1 гарантираат непречена работа на системот при температури до -36 степени Целзиусови. Може да се меша и во однос 1:2 при што се постигнува сигурност на работа до – 18 оС. Период на замена на G11 е 3, додека на G12 е 5 години.Точка на вриење на неразредениот антифриз е 185оС.

Дополнително, WÜRTH во својот богат асортиман има и течност за заптивање, која успешно се справува со малите пукнатини во ладилникот. Може да се користи како превентивна мерка секогаш кога се врши промена на разладната течност.

Достапни се две верзии, KÜHLERDICHT и KÜHLERDICHT HP, за мотори без внатрешен филтер и за мотори со високи перформанси и вкрстен разладен тек. Микрофините синтетички честички ги „лекуваат“ пукнатините до 0,1 милиметри на блокот на моторот и главата на цилиндерот, спречуваат потење и ги елиминираат загубите од испарување. Може да се задихтуваат и спојките на цревата кои пропуштаат. Не се штетни за гумата или пластиката, а внимаваат моторот да не претрпи штета. Пакувањата се од 150 милилитри и се доволни за 10 литри течност, додека за камионите се препорачува сооднос од 1:100.


Уште еден услов за дизел моторт одлично да функционира во зимски услови?

Што се случува со дизел горивото во зимски услови?

При ниски температури доаѓа до создавање на парафин во горивото, а тоа предизвикува:

- запушување на водовите за гориво од резервоарот до пумпата

- запушување на филтерот за гориво, горивото не проаѓа доволно низ филтерот или воопшто не проаѓа

- намалена филтрабилност на горивото,

- неквалитетно распрскување низ дизните,

- намалена спозобност на самозапалување на горивото

- зголемена потрошувачка на гориво

- недоволна снага на моторот

- зголемена количина на чад и смолести наслаги

- зголемена емисија на штетни гасови

WÜRTH и за овој проблем има одлично решение – ЗИМСКИ ДИЗЕЛ АДИТИВ, средство против згуснување на дизел горивото во зимски услови.

Карактеристики:

  • Спречува згуснување на дизел горивото и создавање на чепови во системот за довод на гориво
  • Ја зголемува филтрабилноста и течливоста на дизел горивото. Може да се користи до -31oC
  • Обезбедува ефикасна работа на пумпата и дизните
  • Самомешовитост, едноставно се додава пред или по точење на гориво
  • Ефикасност само доколку е ставен во резервоарот над 0 oC
  • Зголемена концентрација, пакувањето од 1000 мл е доволно за 1000 литри дизел гориво


Содржина

Концентрација

Максимална количина гориво

150 ml

1:500

70 литри

300 ml

1: 500

150 литри

1.000 ml

1:1.000

1.000 литри








Со WÜRTH движењето во зима е полесно.

Сподели на: