Гаранција и сервис

Сите производи од асортиманот на Wurth имаат соодветна гаранција, обезбеден сервис и резервни делови во гарантен рок и законски вонгарантен рок.

ПРОДОЛЖЕТЕ

ГАРАНТНИ РОКОВИ НА ПРОИЗВОДИТЕ

За артикли кои се купени за професионална употреба, директно од компанијата Wurth или од некој од нашите малопродажни партнери, важат пропишаните гарантни услови. Во зависност од видот и намената на производот, одобруваме гаранција во траење до 36 месеци или до датумот на изминување на рокот на траење кој е назначен на производот.

Производите на Wurth кои ги имаат купено физички лица за употреба како хоби или полупрофесионална употреба подлежат на одредбите на Законот за заштита на потрошувачи и општите услови кои се однесуваат на сообразност на робата.

Доколку Вашиот Wurth производ станал нефункционален, погледнете ги информациите за пропишаните услови на гаранцијата. Во случај кога Вашиот производ не ги надминува опишаните ограничувања – обратете се на нашиот претставник за продажба со кој соработувате редовно. Ако не сте го купиле производот директно од нас – обратете се во малопродажната фирма во која сте го купиле производот.

Подетални информации за гарантните услови и рокови за сите артикли од асортиманот на Wurth можете да видите во PDF документот

ОТВОРЕТЕ PDF

УСЛОВИ НА ГАРАНЦИЈА ЗА
WURTH MASTER АЛАТИ

За електричните, пневматските и батериските Wurth Master алати одобруваме гаранција во времетраење до 3 години според пропишаните гарантни услови за оваа група артикли.

Од наведените гарантни услови се исклучени пропратни и потрошни делови од алатот, како и батерии и полначи.

pdf

ГАРАНТЕН ЛИСТ ЗА WURTH MASTER АЛАТИ

На овој линк можете да преземете гарантен лист за Wurth Master алати

ПРЕЗЕМЕТЕ ДАТОТЕКА
pdf

ЦЕНОВНИК НА ПОТРОШНИ ДЕЛОВИ

Во случај кога за правилно функционирање на Wurth Master алатите треба да замените некој од деловите кои подлежат на трошење или Вашиот алат го надминал гарантниот рок, погледнете го ценовникот на потрошни делови

ПРЕЗЕМЕТЕ ДАТОТЕКА

ГАРАНТНИ УСЛОВИ ЗА WURTH АПАРАТИ
И УРЕДИ ЗА ЗАВАРУВАЊЕ

За Wurth апарати и уреди за заварување одобруваме гаранција во времетраење од 1 година според пропишаните гарантни услови за овој вид производи. Од наведените гарантни услови се исклучени пропратни и потрошни делови на апаратите.

На овој линк можете да преземете гарантен лист за Wurth апарати и уреди за заварување

ОТВОРЕТЕ PDF

ГАРАНТНИ УСЛОВИ ЗА
РАЧЕН АЛАТ ZEBRA

На професионалниот рачен алат ZEBRA одобруваме трајна гаранција според пропишаните гарантни услови за овој вид производи.

На овој линк можете да преземете гарантен лист за рачен алат ZEBRA

ОТВОРЕТЕ PDF

ИЗВАДОК ОД ЗАКОНОТ

Целосно сме посветени на почитување на сите обврски кон купувачите кои произлегуваат од одредбите на Законот за заштита на потрошувачите.

За да се запознаете со Вашите права, прочитајте го извадокот од законот.

ОТВОРЕТЕ PDF