Würth Logo wurth.com.mk wurth.com.mkZa nasProizvodiDiviziiKontakt




Поделба на дивизиите во Würth

Фирмата ВУРТ МАК Вурт Интернационал организациски е поделена на три дивизии: авто-карго, дрво-градежништво и метал-електро-греење. Комерцијалистите од секоја дивизија дејствуваат на подрачјето на целата територија на Македонија и во директен контакт се купувачите со дејноста со која се занимаваат воспоставуваат квалитетен однос, овозможувајќи им, покрај бараните артикли со највисок квалитет, потполна услуга која се состои од техничка поддршка при одбирање на производите, брзи испораки во работилниците, градилиштата и складиштата на купувачите и нивна редовна посета.

Вуртовите комерцијалисти доаѓаат во работилниците, на градилиштата, во складиштата, на продажните места и во канцелариите на купувачите, го штедат нивното време така што тие самите повеќе не мораат да одат во набавка. Го работат тоа редовно - неделно, на две недели или по договор - онака како што на купувачот највеќе му одговара. Но во случаи кај кои на купувачот помеѓу две посети итно му затреба наш артикал, не треба да се чека - само ќе го контактира својот комерцијалист, ќе му испрати факс или и-меил и потребната стока веднаш се нарачува па наскоро е негова. Се трудиме да на нашиот купувач комерцијалистот секогаш му биде "при рака".

Во желба за поквалитетна поддршка на купувачите нашите комерцијалисти ќе им ја претставата Orsy филозофијата. Со Orsy системот комерцијалистот на Wurth ќе стане бесплатен набавувач и магационер на купувачот. Тие, во работилницата, магацинот или продажниот простор на купувачот ќе постават Orsy Regal и ќе го исполнат со артикли потребни на одредениот купувач. Од тој момент купувачот може да биде потполно безгрижен. Нашиот комерцијалист редовно ќе го средува регалот, ќе ги попишува сите потрошени артикли и ќе ги дополнува, со што купувачот повеќекратно штеди - не мора да прави залихи, не мора да плаќа уште еден работник задолжен за на набавка, се му е прегледно и достапно во секојдневната работа.

Нашите комерцијалисти постојано дополнително се школуваат за производите од дејностите со кои се занимаваат. Комплетни се и стручни па на купувачот секогаш можат да му ги презентриаат сите артикли кои ги нудат, да ги истакнат нивните предности, да им укажат на можните недостатоци и да ги советуваат за начинот на употреба

Schrauben
Werkzeuge
Würth Seminare


Newsletter-Abo Sitemap English Version