Дивизијата дрво - градежништво е најбрзо растечка дивизија во фирмата ВУРТ МАК Вурт Интернационал. Моментално има 9 комерцијалисти кои ги покриваат сите општини и градови во Македонија. Дивизијата моментално работи со околу 2000 постојани купувачи со производители и салони на мебел, дрвени скалила, со производители на дрвена и PVC столарија, производители на ролетни и роло завеси, стаклари, монтери на гибс табли, фирми за висока и нискоградба, кровопокривачки тапетари, декоратери, салони на теписи и завеси - односно со сите дејности кои се директно врзани со опремување на стамбени простори и градежништво. Темел на нашиот успех е гарантирано квалитетните артикли кои ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет, а поделени се во повеќе групи: окови за мебел и столарија, кровопокривачки прибор, ситен прибор и материјали во градежништвото, штрафовска стока и елементи нормирани според DIN/ISO, типли и прибор за монтажа, хемиски производи, брусно-режен материјал, рачни алати, мерни алати и уреди електричен, аку- и пневматски алати, средства за заштита при работа... Нудиме преку 5000 веднаш достапни артикли. |





